ОХО повеќе од 20 години развива и импрементира проекти и програми од областа на едукацијата, социјалниот маркетинг и електронските медиуми (телевизија и интернет) и е познато по својот уникатен пристап на проектите. Како продукција обединува искусни и докажани професионалци од телевизиската, филмската продукција, анимацијата и маркетингот. Луѓе кои креативно и организациски стојат позади големи и успешни проекти меѓу кои детската играна тв серија „Пет Плус“, на македонски и албански јазик, со 4 сезони и повеќе од 300 епизоди и првиот македонски тв ситком „Преспав“ со 100 епизоди во 4 сезони. Сè ова е во согласност со визијата што ОХО си ја поставува пред себе, да биде движечка сила во промените и трансформациите кои се случуваат во телевизиската продукција и да се издвои како лидер во развојот на креативни решенија и алтернативни модели на телевизиска продукција, согласно светските стандарди.